Пораз на Ајакс во рамките на холандскиот шампионат, во дербито на колото славеше АЗ Алкмар како гостин со 1:2 (0:0).
По првото полувреме немаше голови, а потоа видовме драма .
АЗ дојде до предност во 50. минута од играта со многу среќа имаше опција во нападот, по одбивањето од грбот топката стигна до Павлидис, кој погоди за 0:1.
Ајакс беше за нијанса подобар во продолжение, но долго чекаше на голот.
Тој стигна во 73. минута кога Ајакс конечно израмни. Тадиќ доби топка во шеснаесетникот лево, го здогледа слободниот Халер кој веднаш доби топка и не му беше тешко да го израмни резултатот.
Фудбалерите на Аз Алкмар повторно нападнаа кон голот на Ајакс, а нов гол видовме во 83. минута од натпреварот.
Топката пристигна на левата страна од нападот на АЗ Алкмар, тука беше Вијндал кој го пронајде Абуклала за конечни 1:2.
Ова беше втор пораз на Ајакс во рамките на Ередивизија, па сега Феенорд е израмнет на врвот на табелата со овој тим.