Фиорентина продолжува со одличните игри, откако оствари победа од 3-1 против Верона, благодарение на извонредниот настап на Моисе Кин, кој постигна хет-трик.
Кин двапати погоди во првото полувреме и уште еднаш во вториот дел, додека единствениот гол за Верона го постигна Сердар во 18. минута. Со ова, „виолетовите“ стигнаа до шестата победа во низа и се изедначија на табелата со второпласираната Аталанта, со 25 бода.
Болоња приреди изненадување со победа од 2-3 над Рома на „Олимпико“. За гостите погодија Кастро, Орсолини и Карлсон, додека за Рома двата гола ги постигна Стефан Ел Шарави во второто полувреме.