Извонредниот Брајтон остана во трка за Европа и е на само два бода од петтиот Тотенхем и тоа со два меча помалку од лондончани, а дека заслужуваат да играат во некој од европските купови потврдија денеска откако Вулверхемптон го здробија и го понижија со 6-0.
Брајтон уште во првиот дел, за половина полувреме на Вулфс му даде три гола, па до крајот на првиот дел додадоа уште еден најавувајќи му катастрофален пораз. Сѐ почна со гол на Ундав во шестата, продолжи Грос со два гола во 13-та и 26-та, а Дани Велбек во 39-та погоди четвртипат.
Во вториот дел кога прашањето за победникот беше јасен, Велбек додаде втор гол во 48-та, а Ундав комплетираше хет-трик во 66-та минута од натпреварот.
Брајтон има 52 бода на осмото место, а пред него Тотенхем и Астон Вилај на петтото и шестото место имаат по 54 од 33 меча, а Ливерпул е на 53 бода од 32 меча.
Нотингем Форест имаше голем бод во битката за опстанок на гостувањето кај Брентфорд, но потклекнаа „шумарите“ во 95-та минута за пораз со 1-2.
Данило во првата судиска минута од надополнувањето во првиот дел даде гол за водство на Нотимгем, осум минути ги делеа од победа, а на крај останаа со прстот во уста, зашто Иван Тонеј погоди во 82-та за израмнување, а ги расплака Дасилва во 95-та минута од мечот.
Така, Нотингем остана на своите 30 бода, колку што има и Лидс со меч помалку, еден пред Лестер, а два пред Евертон во опасната зона, но и овие два тима имаат меч за играње, па Нотингем повторно може да влезе во зона за испаѓање.