Младиот играч за врска и голем талент на Барселона, Гави (18), добил неверојатна понуда од Челси. Тимот од „Стемфорд Бриџ“ е подготвен да му овозможи на најдобриот млад играч во светот да стане најплатениот играч во Премиер – лигата.
Гави би можел да ја напушти Барселона на крајот од оваа сезона. Иако брилијантниот играч за врска не размислува премногу за тоа, факт е дека каталонскиот гигант многу тешко ќе го задржи.
Играчот го сака клубот и е подготвен да остане. Сепак, неговиот договор истекува, па многу клубови се насочени кон него, а Челси „загриза“ најмногу.
„Челси ќе направи сѐ за да го ангажира Гави ова лето. Тие се подготвени да го направат најплатен играч во Премиер – лигата. Му нудат бланко чек и би можеле да ги поместат границите за да го доведат”, пишува новинарот Ману Санц.