Тренерот Чави Ернандез се соочи со критики поради лошите настапи на неговата екипа, а против Алавес имаа среќа во завршницата, па затоа легендата на Барселона веќе почна да прави листа за „отстрел“.
Иако списокот со фудбалери е краток, сепак Чави уште сега отпиша некои фудбалери на кои им порача да си бараат нов тим до крајот на јануари.
Прв на листата е Осман Дембеле, кој не сака да го продолжи договорот со Каталонците, но на листата се наоѓаат уште пет фудбалери, а тоа се Самуел Умтити, Клемен Ленгле, Алехандро Балде, Рики Пуиг и Оскар Мингеза.