Поранешниот фудбалер на Барселона, Дани Алвеш се понуди на каталонскиот тим повторно да го облече нивниот дрес, јавуваат каталонските медиуми. Тој во моментов е без клуб, а како што вели парите нема да бидат проблем, со оглед на тешката финансиска состојба на клубот.

-Ако Барселона смета дека сум им потребен, сѐ што треба да направат е да ми се јават. Сметам дека можам да им помогнам, вели Алвеш.

Инаку, Дани Алвеш го носеше дресот на Барселона од 2008-ма до 2016-та година и освои се што можеше да се освои. Освојувал титули и со останатите клубови, ПСЖ, Севиља, Баија во Бразил, Јувентус и Сао Пауло. Освоил секако и титули со Бразил, а тој е фудбалерот со најмногу освоени пехари од сите.