Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас прикажа фантастично издание во дресот на Наполи на дуелот против Лестер во Лигата на Европа. Тој постигна два гола во триумфот од 3-2 и е најдобар стрелец на „наполитанците“ оваа сезона во Лигата на Европа.

По завршувањето на дуелот во Неапол, Елмас не го криеше задоволството од двата постигнати гола, но и од триумфот над англискиот тим.

„Среќен сум поради постигнати голови. Но, секако, во преден план е тимот и нашиот триумф. Тренерот Спалети ни кажа дека сме квалитетен тим и дека вечерва треба да одиграме најдобро што знаеме. Прикажавме добра игра и обезбедивме пласман во нокаут фаза од ова натпреварување. На која позиција сум најдобар? Не знам, прашајте го Спалети“, изјави македонскиот репрезентативец за италијанските медиуми.