Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски ќе го памети својот прв настап во најголемото дерби во хрватскиот фудбал.
Нашиот напаѓач, кој од неодамна е член на Хајдук, влезе во игра на стартот од второто полувреме и му беа потребни само 15 минути за да помогне во отворањето на резултатот. Голманот Лучиќ ја изби топката од својот шеснаесетник, Трајковски со глава префрли кон Сахити, а овој ја затресе мрежата на Динамо.
https://twitter.com/i/status/1708534059444359309