Аргентинскиот интернационалец Мауро Икарди би можел да пристигне во Барселона на позајмица до крајот на сезоната.
ПСЖ сака да се ослободи од него, а на Барселона и треба напаѓач.Каталонците го чекаат расплетот на ситуацијата со Алваро Мората од Јувентус, а во случај на неуспех во таа зделка би се насочиле кон Икарди.
Тренерот Чави Хернандез сака нов напаѓач, смета дека Лук де Јонг не е доволно оружје за да биде искажан офанзивниот потенцијал на тимот, а Мемфис Депај се споменува и во комбинациите за преселба во редовите на Јувентус.