Италијанските медиуми кои се добро упатени во случувањата во Серија А лигата, тврдат дека Пауло Дибала купил куќа во Милано, во близина на седиштето на Интер. Ова ги зголеми шпекулациите дека тој по заминувањето од Јувентус, сепак, ќе остане во Италија и ќе потпише договор со „нераѕурите“.
Аргентинецот ќе го напушти Јуве на крајот на неговиот договор во јуни, а Интер се чини дека е во „пол-позиција“ да ги обезбеди неговите услуги. „Нераѕурите“ се уште немаат дадено официјална понуда за потпис, но очигледно со преставниците на Дибала веќе е разговарано.