Наполи оствари убедлива победа (6-1) над Сасуоло на стадионот „Диего Армандо Марадона“. По слабите резултати во последните три кола, кога и ја загубија трката за шампионската титула, „наполитанците“ денеска одиграа одличен меч. Елиф Елмас доби шанса во последните петнаесетина минути, на местото на Виктор Осимен.

За дваесетина минути игра веќе беше 4-0, откако стрелаа Кулибали, Осимен, Лозано и Мертенс. Во второто полувреме погодија Мертенс и Рахмани, а почесниот гол за гостите го постигна Максим Лопез.

Верона го совлада Калјари на гости со 1-2.