По одиграните два меча во полуфиналето на Светското првенство во Катар, SofaScore го одбра и идеалниот тим, односно најдобрите 11. Во составот, кој е во формација 4-3-1-2, има шестмина француски фудбалери, тројца од селекцијата на Аргентина и по еден од поразените селекции на Хрватска и Мароко.

Интересно е дека најголем дел од одбраната ја сочинуваат фудбалери на Франција, додека двајцата напаѓачи се Аргентинци.

Во идеалниот тим од полуфиналните средби место има за: Лорис, Кунде, Јамик, Конате, Ернандес – Модриќ, Чуамени, Фернандез – Гризман – Меси и Алварес.