Бразилската фудбалска легенда Кафу, се надева дека Аргентина ќе победи против Франција во финалето на Светското првенство во Катар, наведувајќи го неговото воодушевување од Лионел Меси како причина што ќе навива за „гаучосите“.
„Ќе навивам за Меси. Со тоа што го поддржуваш Меси, автоматски навиваш за Аргентина. Меси има одлично првенство. Аргентина го загуби првиот натпревар и сите почнаа да го критикуваат Меси. Одеднаш ја презеде одговорноста и рече: „Оставете ми сѐ на мене“. Отсекогаш сум бил фан на големите играчи. Оние кои ја прават разликата во фудбалот. Меси е еден од нив“, коментираше двократниот светски шампион во Бразил од 1994 и 2002 година.
Тој, секако, жали за испаѓањето на Бразил на пенали од Хрватска, откако прими гол во последните минути од продолженијата.
„Оние последни четири минути беа единствената лоша работа на Бразил на Мундијалот. Момент на невнимание го исфрли Бразил од полуфиналето на Светското првенство. Штета е затоа што имаше млади, добри и искусни играчи. Само момент на невнимание предизвика елиминација на Бразил“, додаде Кафу.