Кнезовите од Монако ја победија екипата на Ница на гостински терен со 2-3, во дербито на 21. коло од француската Лига 1. Одличен натпревар одиграа ривалите од Азурниот брег а гостите направија голем исчекор кон врвот на табелата.

Фудбалерите на Монако дојдоа во водство во 16. минута преку играчот од средниот ред Закарија. Лаборд израмни во 37. минута од пенал, а Швајцарецот Закарија постигна уште еден гол, за 1-2 во 50. минута. Ница од 50. минута играше со десетмина поради црвениот картон на Данте, но тоа не ја спречи повторно да го израмни резултатот. Во 74. минута Гесан стрелаше за 2-2. Победата за гостите и конечните 2:3 ги постави Русинот Головин, само пет минути подоцна. До крајот гостите ја искористија бројчаната предност на теренот и ја задржаа предноста.

 

Ница остана на второто место на табелата со 39 бодови, но Монако сега дојде на бод од соседите. Пари Сен Жермен е недопирлив на врвот на табелата со 50 бодови.