Фудбалерите на Аталанта се во одлична форма во Серија А, славеа со 4-1 против Џенова и го остварија четвртиот триумф по ред во италијанското првенство.

Де Кетелар беше стрелец на првиот гол во 22. минута од натпреварот на асистенција на Пашалиќ, додека Бадељ изнуди пенал а Малиновски беше сигурен реализатор, на почетокот на вториот дел израмни на 1-1.

Копмајнерс набрзо ги врати гостите во водство (2-1), а во завршницата стрелаа Ѕапакоста во 100 минута и Туре три минути подоцна за конечни 4-1.

Аталанта има 42 бода на четвртата позиција во Серија А, додека Џенова остана на 12. место со 29 бодови.

 

 

Аталанта ја продолжува битката за четвртото место во Серија А и пласман во Лигата на шампионите. Во таа борба конкурент меѓу другите ѝ е Болоња која исто така извојува убедлива победа над  Лече (4-0).