Кариоките претрпеа уште едно фијаско, бидејќи Аргентина со еден гол за победа му го украдоа олимпискиот билет за Париз.
Во директен дуел Бразил и Аргентина одлучуваа за едно место кое води во Париз, а Парагвај и домаќинот Венецуела да играат за второто место. Со оглед на тоа што се играше мини-турнир на четирите селеции, на Бразил му одговараше и реми, бидејќи во пресметката влезе со бод повеќе од Аргентина.
Натпреварот, како секое „Супер-класико“, беше тензичен и без многу убавина. Единствениот гол, кој донесе победа од 1-0 (0-0) на „гаучосите“ го постигна Лусијано Гонду, на додавање на Валентин Барко. Иако играа со многу млади супер-ѕвезди и новиот ас на Реал Мадрид, Ендрик, Бразилците не постигнаа гол за израмнување и завршија на третото место во групата.
Аргентинците ќе патуваат во Париз, каде селекторот Маскерано може да носи и тројца сениорски репрезентативци, надвор од У23 ростерот, а шпекулациите во Аргентина се дека двајца кои ќе добијат повик се ветераните Ди Марија и Меси.
Вториот патник на Олимписките игри е селекцијата на Парагвај која ја совлада Венецуела со 2-0.
Парагвај со седум бода го освои првото место во групата, Аргентина е втора со пет бода. Овие две селекции одат на Олимписките игри. Бразил ја совлада само Венецуела, а тоа не беше доволно за учество во Париз.
Ова првпат од 2004 година Бразил да не се пласира на Олимписки игри.