Иско со гол и асистенција е херојот на Бетис. Тој постигна гол во судиското надополнување, па Бетис стигна до победа против Осасуна (2:1).

Домаќините поведоа во финишот на првиот дел преку Вилијан Жозе и тоа на асистенција на Иско, а Осасуна по паузата успеа да израмни и тоа во многу незгоден момент за домаќините.
Сепак, фудбалерите на Бетис најдоа начин да стигнат до триумф, а главен виновник беше Иско кој во 93. минута дочека една топка и со волеј удар ја испрати под пречката на голманот на Осасуна.

Домашните фанови еуфорично го прославија погодокот за победа, а Бетис привремено е на седмото место на табелата.