Екипата на Калјари направи неверојатен пресврт на дуелот со Фрозиноне (4:3), на кој имаше негатива од три гола до 72. минута, а на крајот стигна до победа и три бода.
Избраниците на Клаудио Раниери одиграа лошо прво полувреме, во кое Матијас Суле со два погодока донесе солидна предност за гостите, а иако Аргентинецот направи и пенал, Кајлари не успеа да го реализира.
Во 49. минута Брешанини зголеми на 0:3 и се чинеше дека тоа е крај за надежите на домаќините, но упорниот Кајлари направи чудесен пресврт.
Серијата ја отвори Ористанио, ја продолжи Макумбу, а вистинска лудница предизвика капитенот Паволети. Во 94. минута тој успеа да донесе израмнување, а две минути подоцна и целосен пресврт за конечни 4:3 и голема еуфорија на стадионот.
За Калјари ова е прва победа сезонава и истата е доволна само за претпоследното место на табелата.