Францускиот фудбалер Усман Дембеле мора да ја напушти Барселона овој јануари. Нему ова му било кажано дека од клубот откако не бил постигнат договор за продолжување на соработката .
Пропаднаа преговорите за нов договор меѓу Барселона и младата француска ѕвезда Усман Дембеле. Французинот побарал преголема плата, не бил постигнат договор и ќе биде продаден.
Така Дембеле не е дел од Барселона за натпреварот против Атлетик Билбао, а спортскиот директор Матеу Алемани отворено зборуваше за клупската телевизија за ситуацијата:
„Разговорите со Усман и агентите започнаа околу јули. Разговаравме овие шест или седум месеци, Барса нудеше различни понуди, се обидовме да најдеме начин играчот да продолжи со нас, но постојано наидувавме на одбивања од неговите агенти , па продолжи:
„Денес, 20 јануари и 11 дена пред крајот на преодниот рок и влегувањето во последниот дел од договорот, јасно е дека играчот не сака да продолжи во Барселона и не е подготвен да биде иден проект. Трансферот ќе се реализира пред 31 јануари“.
Брзиот подем на Дембеле започна во Рен, а продолжи во Борусија Дортмунд, од каде во 2017 година замина во Барселона како тогашен најскап играч на светот за 105 милиони евра. Но, дел од неговата кариера во Барселона во голема мера е одбележана со повреди и променливи игри.
„Спортските последици се тоа што, според нашиот технички штаб и тренерите, не сакаме да имаме играчи кои не сакаат да се посветат на Барселона и да бидат таму. На крајот, сето ова е последица на тој процес. – заклучи Алемани.