Барселона со пресврт и победнички гол во судиското продолжение триумфираше против Реал Мадрид на „Ел Класико“ со 2-1 и се поблиску е до шампионската титула во Ла Лига. Каталонците сега имаат огромни 12 бода предност пред „кралевите“ на врвот на табелата во шпанскиот шампионат.
Реал Мадрид поведе во деветтата минута со автоголот на Роналд Араухо, по акцијата на Винисиус Жуниор.
Барселона успеа да израмни во последната акција во првиот дел, а стрелец беше Серхи Роберто.
Реал тргна по победа во вториот дел, Марко Асенсио постигна погодок во 81.минута, но по интервенција од ВАР собата не беше признат поради офсајд позиција.
Во судиското продолжение, Барселона дојде до златна победа од 2-1. Франк Кеси беше стрелец на голот, на асистенција на Алехандро Балде.