Фулам пет минути по стартот на вториот дел дојде во водство со голот на српската ѕвезда Александар Митровиќ, а потоа лондончани останаа без двајца фудбалери, Вилијан и Митровиќ во 72-та минута, па тоа го искористија „црвените ѓаволи“.
Бруно Фернандеш во 75-та од пенал даде гол за израмнување, Марсел Сабицер погоди во 77-та за комплетен пресврт и шест минути во надополнувањето, Фернандеш со втор гол само стави печат на победата.