Баер Леверкузен успеа да го победи Баерн Минхен со 2-1 и го симна од врвот во Бунес лига, сега на лидерското место се наоѓа Борусија Дортмунд. „Фармацевтите“ славеа со пресврт во вториот дел, откако Џошуа Кимих во 22.минута го доведе Баерн во водство.
Сепак, Баер Леверкузен заигра многу подобро во второто полувреме, а до победата стигна со два пенали.
Езекиел Паласиос во 55.минута успеа да израмни, а во 73.минута уште еднаш беше сигурен реализатор на најстрогата казна за пресврт и триумф од 2-1.