КОВИД-19 им прави големи проблеми на сите, особено на Англичаните, а сега ситуацијата не е толку добра ниту во Италија.
Салернитана има голем проблем со заразените играчи и играчи кои мораат да се стават во карантин, покрај тоа што им се заканува испаѓање во аматерска лига на 31 декември доколку не се промени сопственикот.
Тие не дојдоа во Удине, а нема да се одигра и натпреварот кој е планиран за денеска, што сега е о официјално.
Удинезе не сакаше да го одложи натпреварот, а Серија А застана на страната на домаќините и нема да има одложување, па натпреварот беше регистриран со резултат 3:0 во корист на Удинезе.
На теренот се појавија играчите на Удинезе и судиите, но ги немаше играчите на Салернитана.
Салернитана немаше избор, поради мерките на локалните власти не и беше дозволено да го напушти својот град, па се најдоа во голема неволја.