Бразил ја победи Србија со 2-0, но ќе биде преголема „жртва“ ако го загуби Нејмар за продолжението од Мундијалот во Катар.

Ѕвездата на Бразил побара да биде заменет во второто полувреме, а набрзо беше уловен од камерите како плаче на клупата за резерви.

Нејмар беше цел на неколку груби стартови од српските фудбалери и очигледно е дека заработи повреда на скочниот зглоб.