Денеска тимот на Ал Ахли го елиминираше Ал Фајсали во четвртфуналето од купот и со тоа се пласира во полуфиналето.

Резултатот на полувремето беше 0:1 за гостите, но во второто полувреме Ал Ахли направи целосен пресврт и со головите на Данклер и Ал Сомах стигнаа до победата.

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски го одигра цел натпревар и даде допринос во овој триумф.