Тимот на Македонската рагби лига од Австралија со убедлива победа го почна настапот на интернационална сцена, откако во пријателски меч го совлада тимот на Виетнам 58:0.
Во овој тим настапуваат македонски иселеници кои живеат во Австралија и целта им е да прерасне во официјална репрезентација на Македонија во рагби.
Медиумот за спортски вести од Австралија foxsport.com.au имаше специјална репортажа и ги најави како “новите деца во соседството” со што дава до знаење дека овој тим изгледа сериозно и негова цел е да стигнат до пласман на Светскиот куп во рагби во 2025 година што секако би бил голем успех.
За да се случи ова, треба и официјално да се формира рагби федерерација во Македонија и понатака да се аплицира за учество во најниските дивизии.
Неофицијално, Македонија патот до Светскиот куп треба да го започне од Европската дивизија Д, преку која ќе проба во следните четири години да се пробие до дивизијата Б, од каде што потоа би можела да дојде до шанса да се квалификува на СК 2025. За таа цел ангажиран е квалитетен стручен штаб, со шампионско искуство во лигата на Австралија.