Голем број фанови го оценија концептот како бизарен или „несмасен“, па на социјалните мрежи не стивнуваат коментарите за фотографиите.
Браќата Азар, Кевин де Брујне, Аксел Витсел и останатите се во главна улога во божиќната најава на профилите на социјалните мрежи на белгискиот национален тим, а коментарите се потврда дека фотографиите и не се најдобро прифатени во јавноста.