Фудбалерите на Финска беа подобри од Црна Гора на домашен терен со 2-0 во второто коло од Лигата на нации, а притоа ја запишаа првата победа и го презедоа врвот во групата.
Џоел Похјанпало беше незапирлив за Црногорците, па им даде два гола во период од 31. до 38. минута, а тие погодоци беа доволни за победа од 2-0.
Финска е прва на табелата со четири бода, три има Црна Гора, по што следи Босна и Херцеговина со еден бод и Романија без бодови.