По фантастичната сезона во Рен, хрватскиот интернационалец Ловро Мајер би можел да направи голем трансфер. ПСЖ е заинтересиран за 24-годишниот хрватски репрезентативец.

Според француските медиуми, само Марко Верати има сигурно место во средниот ред на ПСЖ за следната сезона, а францускиот шампион летово сака да ангажира неколку нови играчи. Се споменуваат играчи како Погба, Фофана и Кашемиро, а ПСЖ е заинтересиран и за Ловро Мајер, едно од откритијата на францускиот шампионат.

Мајер оваа сезона постигна 11 гола и забележа 13 асистенции за Рен, а за него се заинтересирани и Атлетико Мадрид и Лајпциг.

Минатото лето Мајер пристигна во Рен за 12 милиони евра од Динамо Загреб.