По повредата на голманот Марк Андре Тер Штеген поради која Германецот принудно ја заврши сезоната, Барселона донесе замена во Војчех Шчесни кој уште чека на своето деби затоа што се врати од пензија и уште не е во посакуваната форма.

Сепак, можеби на Барса не ѝ треба нов голман, судејќи по Ел Класикото во Мадрид. Ињаки Пења беше на висина на задачата и не дозволи да се затресе неговата мрежа, а во неколку наврати му фати неколку зицери на индиспонираниот Килијан Мбапе.

https://twitter.com/i/status/1850275370748047469

Првиот пат во почетната фаза од мечот кога излезе и го покри својот гол. Вториот во 71. минута кога Французинот излезе сам пред Пења, но голманот на Барселона без поголем напор го одбрани неговиот удар и тоа со нога, а потоа уште два пати.

 

Покрај ова, Пења имаше фантастична одбрана и во првото полувреме кога во главна улога беше Белингам, сите ја видоа топката во голот, но голманот со магична интервенција успеа да го спречи тоа.