Аталанта ја понижи екипата на Верона со 6-1 во последниот натпревар од 9. коло во италијанската Серија А.
Клубот од Бергамо во 400. меч на клупата на тренерот Џан Пјеро Гасперини, сите дилеми околу победникот ги реши во првото полувреме.
Фаворитот веќе по 34 минути игра водеше со 5-0 со головите на Де Рон, Ретеги, Де Кетелар и Лукман (2), но во финишот на првиот дел гостите го зададоа првиот удар преку Сар.
Со овој резултат се замина на пауза, а во вториот дел Ретеги со вториот свој гол стави точка на шоуто на натпреварот.
Со 16 бода Аталанта се израмни со Јувентус и Удинезе на прволигашката табела.