Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Тите го објави списокот од 26 играчи за пријателските натпревари против Гана и Тунис.

На списокот недостасува напаѓачот на Арсенал, Габриел Жесус, кој игра во одлична форма. Тите не ги повика ни соиграчите на Хесус од Арсенал, Габриел Мартинели и Габриел Магалаеш, а недостасуваат и Филипе Кутињо и Дани Алвеш.

„Жесус е во одлична форма, но сакав да им дадам шанса на некои други играчи“, објасни бразилскиот стратег.

„Сè уште не сум го затворил списокот на патници за Катар“, додаде тој.

Бразил ќе игра со Гана на 23 септември во Авр и три дена подоцна во Париз против Тунис.

Петкратниот светски шампион ќе игра во групата Г со Камерун, Србија и Швајцарија.

СПИСОК:

ГОЛМАН: Алисон (Ливерпул), Едерсон (Манчестер Сити), Вевертон (Палмеирас)

ОДБРАНИТЕЛИ: Бремер (Јувентус), Алекс Сандро (Јувентус), Данило (Јувентус), Едер Милитао (Реал Мадрид), Роџер Ибанез (АС Рома), Маркињос (Пари Сен Жермен), Тиаго Силва (Челзи), Алекс Телес (Севиља)

СРЕДИНА: Бруно Гимараеш (Њукасл Јунајтед), Касемиро (Манчестер Јунајтед), Фред (Манчестер Јунајтед), Евертон Рибеиро (Фламенго), Фабињо (Ливерпул), Лукас Пакета (Вест Хем Јунајтед)

НАПАЃАЧИ: Антони (Манчестер Јунајтед), Роберто Фирмино (Ливерпул), Матеус Куња (Атлетико Мадрид), Нејмар (Пари Сен Жермен), Педро (Фламенго), Рафиња (Барселона), Ричарлисон (Тотенхем), Родриго (Реал Мадрид), Винисиус Жуниор (Реал Мадрид)