Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов, кој пред два дена дебитираше за македонската репрезентација на мечот во Гибралтар (2-0) се најде во тимот на сезоната во унгарската елита.

Серафимов кој е член на Залаегержег и веќе од поодамна е на радар на најголемите унгарски тимови за трансфер, влезе во тимот на сезоната после извонредните настапи за својот тим, а неколкупати беше избиран во тимот на колото, па според настапите сосема заслужено се најде и во идеалниот тим за изминатата сезона.