Борусија Дортмунд го демолира Ајнтрахт и е нов лидер во германската Бундеслига откако „милионерите“ го прегазија противникот со 4-0 и го прескокнаа актуелниот шампион Баерн Минхен преземајќиго лидерското место со бод повеќе од Баварците на пет кола до крајот на сезоната.
Дека Дортмунд нема да ја пропушти шансата да го освои врвот откако Баерн загуби од Мајнц со 1-3, беше јасно уште во првиот дел, кога екс-првакот го прегази Ајнтрахт, а сѐ почна со гол на Џуд Белингем во 19-та, па продолжи Дојнел Мален во 24-та, за Матс Хумелс да даде и трет гол во 41-та минута. Мален со својот втор гол во 66-та само стави печат на убедливата победа.
Дортмунд сега е на позиција да го искористи комплетниот хаос во Минхен за да ја прекине децениската доминација на Баерн, чија самодоверба е комплетно разнишана со елиминациите од Купот и во ЛШ, а до крајот на сезонава „милионерите“ ги чекаат гостување кај Бохум во следното коло, домашни мечеви со Волфсбург и Борусија Менхенгладбах, гостување кај Аугсбург во претпоследното коло и домашен меч на крајот со Мајнц.
Голот на Белингем – ТУКА.
Голот на Мален – ТУКА
Голот на Хумелс – ТУКА
Вториот гол на Мален – ТУКА.