Тимот на нашиот Барди, Трабзонспор беше поразен во големото турско дерби од Фенербахче со 2-3 во 30. коло од Суперлигата, иако македонскиот репрезентативец Енис Барди постигна прекрасен гол од слободен удар за својата екипа.
Фред со два гола во првото полувреме го стресе Трабзонспор, по што Барди го разбуди домаќинот со фантастичен гол од слободен удар во 63. минута, а потоа Трезеге од пенал израмни на 2-2.
Фенербахче, сепак, се врати во водство со голот на Батшуаи во завршницата од регуларниот дел на дуелот, а тоа се покажа и како конечен резултат (3-2).
Трабзонспор остана на третата позиција со 49 бодови, додека Фенербахче е на второ место со 79 бода, односно два помалку од лидерот Галатасарај.