Вечната трка меѓу великаните Роналдо и Меси ги мери во секој нивен чекор, секој нивен натпревар и постигнат гол. Синоќа се случи нешто што ретко се гледа: и двајцата за своите репрезентации постигнаа гол од слободен удар. Меси за 2-0 против Панама, во пријателски меч, Роналдо за 4-0 против Лихтенштајн. И двајцата поставија важни рекорди во кариерите, Роналдо со 197. настап за репрезентацијата стана светски рекордер, Меси, пак, го постигна 800. гол во кариерата.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) March 24, 2023