Манев треба да ја пополни празнината во дефанзивната линија по отсуството на Муслиу и повредата на Зајков.
„Среќен сум што добив покана од селекторот и ќе се потрудам во првата средба за А-селекцијата да ја оправдам довербата. За мене ова е исполнување на сонот. Сега е време да се докажам и во најдобрата македонска селекција“, изјави Манев за „Штипски асови“.
Пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Фарски Острови се игра во понеделник во Скопје од 18 часот, а доаѓа по квалификациската победа над Малта (2-1) во циклусот за ЕП 2024.