Најавите за преселба на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија речиси сигурно ќе станат реалност, откако „Марка“ денеска објави дека Португалецот од 1 јануари официјално ќе стане фудбалер на Ал Наср.
Договорот ќе биде на две и пол години, а доскорешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед годишно ќе заработува по неверојатни 200 милиони евра. Роналдо со овој потпис можеби нема да игра во конкретно натпреварување, но ќе заработува два, па и трипати повеќе од конкурентите како Лионел Меси и Нејмар. Тој дури би бил многукратно поплатен од најголемите ѕвезди во професионалниот спорт во САД.
Португалскиот репрезентативец во Саудиска Арабија ќе пристигне со амбиција да ја освои шампионската титула со својот нов клуб, со што би ја продолжил низата успеси без разлика што станува збор за натпреварување кое е далеку од светската фудбалска елита. Ал Наср во моментов е второпласиран на табелата со три бода помалку од лидерот Ал Шабаб, каде што тренер е Руди Гарсија (Франција), а како интернационалци настапуваат Давид Оспина, Алваро Гонзалес и Мартинез Гонзало.