Стравична несреќа се случи во квалификациите за Мото ГП во Португалија. Еден од најценетите мотоциклисти во Мото ГП серијата, Шпанецот Пол Еспаргаро, доживеа страшен пад во квалификациите за трката која викендов ќе се одржи во Португалија.

Според локалните известувачи, шпанскиот возач е надвор од животна опасност, но засега нема детали околу неговата здравствена состојба.

 

Станува збор за 31-годишен мотоциклист, кој сезонава вози за Гасгас фактори тимот. Претходните две години беше дел од екипата на Репсол Хонда.