Бекер денеска ја дозна пресудата откако по четири точки на почеток на месецов беше прогласен за виновен од вкупно 24 точки во обвинението, па сега ќе мора да лежи зад решетки за измамата која ја направил.
Германецот во 2017 година прогласи банкрот откако беше несолвентен да исплати кредит од три милиони фунти, но откако го брогласил банкротот според законот за несолвентност, тој не го пријавил севкупниот свој имот, па ги измаил доверителите.
Подоцна било утврдено дека Бекер има имот во милионска вредност, плус 73.000 акции во една технолошка компанија, како и пехари со непроценлива вредност од кои два од Вимблдон.
Бекер му беше тренер на Новак Ѓоковиќ, а во кариерата имаше заработка од преку 40 милиони евра. Во 1985 година на само 17 години го освои Виблдон и стана најмладиот победник на сите времиња, а најпрестижниот гренслем го освои уште двапати во 1986 и 1989, двапати го освои Австралија опен во 1991 и 1996, а еднаш УС-опен во 1989.
Во 1992 година освои злато на Летните Олимписки игри во Барселона.