Макс Верстапен беше казнет со 10 секунди за предизвикување судир со Луис Хамилтон на Саудиското ГП, но сепак ќе остане на второто место бидејќи ја заврши трката со 15,3 секунди пред Валтери Ботас на третото место. Пилотот на Ред Бул е казнет со пет секунди поради опасно возење за време на трката.
Немаше промена во генералниот пласман и во пресрет на последната трка од сезоната водат Верстапен и Хамилтон со по 369,5 бодови.
Инцидентот се случи во 37-от круг кога Верстапен требаше да му ја отстапи позицијата на Хамилтон, но тој наеднаш закочи и Британецот го удри оштетувајќи го предното крило.
„Забавив, сакав да го пропуштам Хамилтон, бев на десната страна, но тој не сакаше да ме помине и имаше контакт. Не разбирам што се случи“, се бранеше Холанѓанецот по трката.
Хамилтон за овој инцидент со свој став: „Тој ја премина границата, сигурно. Пробав да избегнам да се судрам толку пати со овој човек, но тоа е невозможно“.
Речиси е невозможно да се опише се што се случи на премиерната трка во Саудиска Арабија. Тоа беше турбулентна и луда трка со три старта и два прекини, а борбата за првото место ја одбележаа неспортски потези. Хамилтон на крајот славеше со скршено предно крило.
Во пресрет на последната трка сезонава, Големата награда на Абу Даби закажана за следниот викенд, изедначени се на врвот Верстапен и Хамилтон со по 369,5 бодови.
Сепак, Верстапен и понатаму води во шампионатот бидејќи годинава има повеќе победи од Хамилтон, што значи дека ќе ја земе титулата доколку по Абу Даби и понатаму се изедначени во бодови.