Моменталната позиција на табелата е изедначена и првото место го делат Хамилтон и Верстапен па така наредната трка ќе одлучува кој ќе биде шампион.
По бројните инциденти, нетрпеливоста меѓу Британецот и Холанѓанецот кулминираше и на победничкиот подиум при славеничкото прскање со шампањ, Холанѓанецот ладно го напушти подиумот и си замина, покажувајќи дека не му е до дружба со неговиот противник.
Тоа предизвика лавина од негативни коментари на социјалните мрежи дека Верстапен не знае да поднесе пораз и дека е плачко.