Реал Мадрид викендов славеше на гостувањето кај Реал Сосиедад со 0:2.
За Кралевите не одеше се добро, бидејќи Карим Бензема поради повреда ја напушти играта во 17. минута.
Наместо тоа, на теренот влезе Лука Јовиќ, а српскиот напаѓач одлично го замени со оглед на тоа што му асистираше за гол на Винисиус, а потоа и самиот влезе во стрелците за победа на гостите.
Пристигнуваат охрабрувачки вести за Карло Анчелоти и сите навивачи на Реал Мадрид.
Карим Бензема не е сериозно повреден и треба да биде подготвен за вторник и натпреварот од 6. коло од Лигата на шампионите против Интер. Сепак, позигледно е тој да го прескокне овој натпревар и да се врати за викенд во мадридското дерби против Атлетико во шпанската Примера.
Бензема оваа сезона во Лигата на шампионите има постигнато пет гола со една асистенција, додека во шпанската Примера постигна 12 гола и додаде 11 асистенции и е најдобар стрелец во лигата.