Левиот бек има интересна кариера, која не почна блескаво, бидејќи прво беше избришан од Јанг Бојс за потоа да стигне до Премиерлигата и дресот на Лидс јунајтед. Па ја спореди својата приказна со онаа на Македонија.
„Сè е возможно. Мојата приказна, ако ја погледнете внимателно, е доказ за тоа. Погледнете од каде започнав, од Јанг Бојс, тим што ме отпушти, играв во втората швајцарска лига во Лугано. Најважно е никогаш да не престанеш да веруваш“, изјави Алиоски за „Кориере дел Тичино“.