Марк Овермарс (48), легендарниот поранешен холандски фудбалер, пред два месеци поднесе оставка од функцијата спортски директор на Ајакс, откако беше потврдено дека испратил низа непримерни пораки до неколку колешки.
Сепак, иконата на Ајакс, Арсенал и Барселона многу брзо најде нова работа. Овермарс ја доби функцијата спортски директор на белгиски Антверпен. Клубот пред пет години го презеде еден од најбогатите Белгијци Пол Гејсенс, а оттогаш Антверпен е во постојан пораст. Според белгискиот портал Nieuwsbald, Овермарс добил значително зголемување на примањата во Антверпен. Неговата плата од 400 илјади евра колку што имаше во Ајакс, се зголеми на еден милион евра годишно.
Во Ајакс изјавија дека Овермарс бил еден од најдобрите спортски директори во историјата на клубот. Ајакс заработи повеќе од 350 милиони евра за девет години откако дојде во клубот во 2013 година.