НБА ѕвездата Зион Вилијамсон се уште нема заиграно за својот тим Њу Орлеанс Пеликанс оваа сезона, но преку видео на социјалните мрежи најави дека наскоро би можел да се врати на паркетот. Вилијамсон објави видео од брутално забивање.

Крилниот напаѓач на Њу Орлеанс заработи повреда на десната нога во третата сезона во НБА. Ова го спречи Зиона да игра оваа сезона, но можно е тој сепак да се појави во дресот на Пеликанс, на кој до крајот на сезоната има уште десет натпревари во регуларниот дел, а потоа можен плеј-ин настап, односно квалификации за последните две места во плеј-офот. Моментално се на десеттото место во Западната конференција со сооднос победи-порази 30-42.