Во 1998 година, Денилсон беше најплатениот играч во светот. Шпански Бетис го купи бразилскиот напаѓач за 31 милион евра од Сао Паоло, но Денилсон никогаш не го оправда тој трансфер со добри игри. Тој се пензионираше во 2010 година како играч на грчка Кавала на 32-годишна возраст, а сега му се враќа на фудбалот по 12-годишна пауза. Тој ќе игра за бразилскиот нисколигаш Ибису.
“Сега можам да кажам. Официјално е. Решив да се вратам на фудбалот по 12 години и од денес сум играч на Ибица.”, напиша тој на Твитер. Денилсон за Бразил одигра 61 натпревар и постигна осум гола. Со Бразил загуби во финалето на Светското првенство во 1998 година, а во 2002 година беше светски првак.