Поранешниот украински репрезентативец Олександр Алиев одлучи да се вклучи во одбраната на Украина против руската армија. Тој облече униформа, зеде пушка во рацете и тргна во војна.
Русија ја нападна Украина пред неколку дена, но не очекуваа толку силен отпор од украинската армија. Се повеќе обични граѓани се приклучуваат на бојното поле за да ја одбранат својата татковина, а меѓу нив има и познати спортисти.
Во војна замина и поранешниот фудбалер на оваа земја, Олександар Алиев, кој го паметиме по игрите за Динамо Киев, но играше и во Русија каде своевремено го носеше дресот на Анжи.
Алиев одлучи да се приклучи на украинската армија и да земе оружје за да го одбрани својот народ од рускиот напад.