Натпреварот од Лига-купот на Англија меѓу Арсенал и Ливерпул кој требаше да се игра утревечер на „Емирати“ е одложен. ФА на Англија донесе одлука за одложување по барањето на Ливерпул кој има огромен број на позитивни случаи на Ковид-19 во клубот.

Затворена е и тренинг – базата, голем дел од фудбалерите се заразени со коронавирус, како и менаџерот Јирген Клоп. Најнова вест е дека и неговиот асистент, Пеп Лијндерс, е позитивен на Ковид-19.