Возбудувањата во Серие А се враќаат утре.

На програмата се мечевите од 20.коло, а мечот кој привлекува најголемо внимание е секако дербито Наполи-Јувентус. Сепак, двете екипи имаат проблеми пред се поради позитивни тестови на коронавирус. Според Газета дело Спорт во Наполи има шест позитивни, во Јувентус четворица.

Она што за нас се добри вести е тоа што Елиф Елмас на последното тестирање добил негативен тест, иако претходно, по враќањето од Македонија, каде ги мина новогодишните празници, добил позитивен тест. Па, така тој ќе биде во комбинација за дербито.

Мечот Салернитана-Венеција е одложен, додека сите други 9 мечеви на програмата се утре.